Top Sport

Никој не сака да седне на клупата на Џенова – Лабадија со „корпа“ во последен момент

Хаосот во Џенова не престанува, откако германскиот тренер Бруно Лабадија иако беше очекуван денеска во Италија да потпише договор да стане нов прв човек на „Грифоне“, во последен момент се предомислил.

Клубот на Горан Пандев ја почна сезоната со Давиде Балардини како тренер, но тој доби отказ во ноември и беше сменет со Андриј Шевченко. Украинецот е ја промени ситуацијата и траеше само два месеци на клупата, пред да добие отказ.

Според „Ла република“, клубот имал договор со поранешниот тренер на Херта Берлин, Лабадија да го преземе клубот, пред тој одеднаш да се предомисли и да ја одбие работата. Џенова вчера, под водство на тренерот на младинскиот тим, Абдулај Конко, загуби со катастрофални 6:0 од Фиорентина.

Една опција е ново враќање на Балардини, кој доби пет откази досега од Џенова, но не е јасно дали тој повторно би се нафатил да го спасува клубот од испаѓање. Друга опција е Роландо Маран, тренерот кој беше на чело на Џенова од август до декември 2020 и доби отказ по само 15 меча. Балардини, Шевченко и Маран уште се под договор со Џенова и добиваат месечна плата.

Scroll to Top