Top Sport

„Никој нема да сака да го извлече Тотенхем“

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо смета дека сите ќе сакаат да го одбегнат неговиот тим во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

„Екипите кои беа први во групите нема да сакаат да играат против нас. Мислам дека ние сме еден од најсилните тимови од вториот „шешир“. До крајот на февруари ушто подобро ќе се запознам со моите играчи, а и тиа подобро ќе разбираат што барам од нив. Имаме уште два месеци заедничка работа, ќе биде подготвени“, рекол Мурињо.

Ждрепката за осмина-финалето ќе биде извршена во понеделник, во Нион. Потенцијални противници на Тотенхем се ПСЖ, Барселона, Јувентус, Лајпциг и Валенсија.

Првиоте натпревари ќе се играат на 18 и 19, односно 25 и 26 февруари 2020 година.

Scroll to Top