Top Sport

Не открива дали ќе остане во ПСЖ

Нејмар прет шест месеци на сите начини се обиде да замине од Пари Сен Жермен. Сепак неговиот најавуван трансфер во Барселона пропадна. Шпекулациите велат дека Барса повторно ќе се обиде да го врати Бразилецот на „Ноу Камп“ наредното лето.

ПСЖ синоќа го декласира Галатасарај со 5:0 во Лигата на шампионите. Во победата Бразилецот партиципираше со гол и две асистенции. По мечот проговорил, но не открил многу околу својата иднина во ПСЖ.

„Дали сум среќен во ПСЖ? Среќен сум кога играм фудбал. Најмногу сакам кога излегувам на теренот, не е важно каде се наоѓам. Кога постојат два тима, една топка, тогаш сум среќен“, рекол Нејмар.

Сезонава поради честите повреди и сагата со трансферот во Барселона, Нејмар има одиграно само осум натпревари во Лига 1.

Scroll to Top