Top Sport

Никој од фудбалерите на Јунајтед не го поминал Ван-Бисака на тренинг

Арон Ван-Бисака очигледно беше вистинска инвестиција на Манчестер јунајтед оваа сезона, откако десниот бек ги покажа своите квалитети во одбраната на тимот, а во 179. дерби на Манчестер ја доби наградата за најдобар играч.

Според легендата на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, иако Ван-Бисака уште има предизвик да ја подобри играта во нападот, тој веќе добил прекар „Пајак“ во тимот и ниту еден од фудбалерите на „ѓаволите“ не успеал да го помине на тренинзите.

„Тој сака да игра во одбрана, но секако, би требало да има малку подобра контрола на топката, посебно во нападот. Зборував со дел од фудбалерите на Јунајтед и тие признаа дека ниту еден од нив не успеал да го помине Ван-Бисака на тренинг. Одбива да ги пушти. Кога ќе стане подобар технички фудбалер, ќе го видиме целиот негов талент“, вели Флечер.

Ван-Бисака има најмногу лизгачки стартови во лигата, дури 62.

Scroll to Top