Top Sport

Никола Калиниќ ја доби „златната канта“ за 2018 година

Поранешниот напаѓач на Милан, Никола Калиниќ е добитник на „Бидоне д’оро“ (златна канта) како најлошо засилување во 2018 година, доминирајќи во гласањето пред Патрик Шик и Андре Силва.

„Златната канта“ ја доделува италијанскиот веб-сајт Calciobidoni.it, на кој повеќе од 13.000 луѓе гласаа на листата на која беа и Марко Пјаца, Енрике Далберт, Жоао Марио, Бенедикт Хеведес и Хакан Чалханоглу.

Сепак, Калиниќ, немаше вистинска конкуренција и доби 49.1 отсто од гласовите за катастрофалната сезона по трансферот од Фиорентина во Милан. Тој замина во Атлетико Мадрид ова лето, додека уште еден поранешен член на Милан, Андре Силва замина во Севилја и беше трет во гласањето со 13.3 отсто. Меѓу нив беше Чехот Шик од Рома со 19.3 отсто од гласовите. Калиниќ го наследи Аргентинецот Габигол, кој победи во 2017 откако не стартуваше во ниту еден меч за Интер по трансферот од 29.5 милиони евра.

Калиниќ имаше посебно ужасно лето, откако беше исфрлен од хрватската репрезентација од селекторот Златко Далиќ поради недисциплина (одбивање да влезе во натпревар), пред неговата репрезентација да стигне до финалето.

Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

Scroll to Top