Фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ќе игра на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната, објави германскиот клуб.
Експретот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Баерн има опција да го откупи договорот на 24-годишниот сенегалски напаѓач како дел од договорот со Челзи.
Баерн за заемот на Џексон ќе издвои 15 милиони евра, а доколку сака да го откупи неговиот договор ќе мора да плати 85 милиони евра.
„Николас ќе додаде уште една димензија на нашата напаѓачка игра. Тој покрива повеќе позиции. Тој носи одлична брзина, опасен е пред голот и бара начини да застане зад одбраната за доброто на тимот. Тој е исто така отворен, позитивен човек и нема да има проблем да се вклопи во нашиот тим“, рече спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Џексон пристигна во Челзи во јуни 2023 година од Виљареал, а оттогаш одигра вкупно 81 натпревар и постигна 30 гола за англискиот клуб, со кого годинава ги освои титулите на Светското клупско првенство и Конференциската лига.
Во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 11.
Foto/ EPA