Top Sport

Николас Саркози ќе биде пак претседател, овојпат на ПСЖ

Екс-францускиот претседател, Николас Саркози ќе биде нов претседател ПСЖ. Саркози често е со актуелниот претседател на клубот, Насер Ал Келаифи, кој има намера да се повлече од функцијата.

Ал Келаифи од октомври 2011 година ја врши претседателската функција во клубот. Тој се обидува да го зголеми влијанието на клубот во европски и светски рамки, па токму Саркози се смета за најдобра опција за функцијата.

Бордот на директори стои зад поранешниот прв човек на Франција чија промоција следува наскоро.

Се очекува Ал Келаифи како сопственик на клубот да диригира од Доха.

ПСЖ е неприкосновен сезонава во Лига 1, но и оваа година, третпат во низа, не успева да го помине осминафиналето во ЛШ.

Scroll to Top