Top Sport

Шкендија киксна кај Шкупи, Вардар не знаеше да казни во Струмица кај Беласица

Прескромни 5 гола на 5 меча во Првата македонска фудбалска лига видоа фудбалските вљубеници ова попладне.
Шампионот од минатата сезона, тетовска Шкендија загуби 1:0 во скопски Чаир кај тимот на Шкупи. Стрелец на единствениот погодок беше Бајрами во 30. минута.

Овој кикс не успеа да го валоризира скопски Вардар, кој на гостувањето кај Беласица во Струмица, одигра неефикасно реми, 0-0.

Ренова и Македонија ЃП во Џепчиште одиграа 0-0, а Силекс оствари домашна победа против прилепска Победа со 1-0.

Најефикасниот меч се одигра на најголемиот стадион во земјава, „Филип 2“ во Скопје, каде Академија Пандев славеше против Работнички со 1:2.

Шкендија е лидер на табелата со 47 бодови пред Академија Пандев и Вардар кои се втората, односно третата позиција на табелата со по 39 бода.

Резултати ПМФЛ 22 коло:

Беласица – Вардар 0-0
Работнички – Академија Пандев 1-2
Ренова – Македонија ЃП 0-0
Шкупи – Шкендија 1-0
Силекс – Победа 1-0

Scroll to Top