Македонскиот репрезентативец Бобан Николов се врати на клупските обврски во Шериф Тираспол, а тимот се уште е без тренерот Јуриј Вернидуб кој замина во Украина и зема пушка во рака да ја брани татковината од инвазијата на Русија.
Тренерот им рекол на фудбалерите дека ќе замине дома за да си го земе семејството, а три дена подоцна била објавена негова фотографија во војничка униформа.
„По мечот со Брага, тренерот ни рече дека ќе оди да си го земе семејството и се враќа за три дена. Но, потоа беше објавена негова фотографија во војничка облека. Го респектираме неговиот став, тој е голем патриот, како и сите ние“, вели Бобан Николов.
Вернидуб пред неколку месеци успеа да го одведе Шериф Тирапол во Лигата на шампионите, а сега ја брани Украина од агресорот.