Top Sport

Ван Гал повторно во напад на Солскјер: Тој го паркира автобусот пред Де Хеа

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал повторно влезе во напад на еден од неговите наследници, Оле Гунар Солскјер тврдејќи дека играта не е сменета и дека тој го „паркира автобусот пред Давид де Хеа“.

Солксјер потпиша тригодишен постојан договор со Јунајтед откако на стартот успеа да ги крене резултатите на Јунајтед, но оттогаш Јунајтед имаат загубено пет од последните седум меча, вклучувајќи го и 3:0 поразот на гости кај Барселона. Ван Гал вели дека фаворитот на публиката е премногу дефанзивен во својата тактика.

„Да, Оле имаше позитивно влијание на почетокот, бидејќи Јунајтед беше деветти, а тимот беше никаков. Тие играа анти-фудбал, но како што гледате ниту на Оле не му е проблем да го паркира автобусот. Тој е многу подефанзивен отколку што се мисли. Уште го следам Јунајтед, и Оле го паркираше автобусот против Арсенал. Против Тотенхем. Делумно и против ПСЖ и Барселона. Против големите клубови игра така. Фокусот е на одбраната, наместо на нападот. Кога играат така, тие е во 4-4-2 формација и играат на контрапади преку Маркус Рашфорд и Ромелу Лукаку, односно се обложуваат на нивната брзина. Но, ако сакаат повторно да доминираат во Европа, мора да се смени тој стил“, вели Ван Гал.

Scroll to Top