Top Sport

Ним е сензацијата во Франција, го „собори“ и Марсеј (видео)

Повратникот во француската Лига 1, Ним успеа да направи уште една сензација и во „јужното дерби“ да го совлада фаворизираниот Марсеј со 3:1 за совршен старт на сезоната.

Иако во првиот меч со играч помалку се вратија за 4:3 победа на гости кај Анжер, никој не им даваше шанси против Марсеј, кои во првиот меч од сезоната го „разбија“ Стразбур со 4:0.

Меѓутоа популарните „крокодили“ на својот „Костиер“, први дојдоа во водство преку Денис Буанга во 34. минута. Марсеј врати преку Тован во 49. минута, но потоа следуваа два гола за Ним со што клубот изненадувачки се најде на второто место на табелата веднаш зад ПСЖ со шест поени по две кола.

Scroll to Top