Top Sport

Ним го позајми Стојановски во Шамбли

Репрезентативецот на Македонија Влатко Стојановски сезоната 2020/2021 ќе ја мине на позајмица во членот на француската Лига 2 Шамбли.

Ним, клуб кој минатото лето за Стојановски на Ренова и плати 300.000 евра, реши да го позајми 23 годишниот напаѓач.

Стојановски минатата сезона, која во Франција беше прекината во март, за Ним забележа шест настапи (пет како резерва) во Лига 1.

Стојановски во кариерата за Македонија одиграл два натпревари, постигнал еден гол, на 16 ноември против Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020.

Scroll to Top