Top Sport

Нинџата им се „одмазди“ на Интер

Фудбалерот на Калјари Раџа Наинголан рекол дека во Интер имал третман на просечен фудбалер. Наинголан вчера постигна гол за Калјари со што го спречи својот поранешен тим да забележи победа. Дуелот на „Џузепе меаца“ заврши 1:1.=

Поранешниот репрезентативец на Белгија сезонава настапува како позајмен играч во Калјари. Тој со одлука на тренерот Антонио Конте мораше да замине од клубот.

Интер пред две сезони на Рома и плати 24 милиони евра и во Рим го испрати талентираниот Никола Заниоло.

„Ги почитувам навивачите на Интер и сите мои поранешни соиграчи, но чувствувам дека во клубот кон мене се однесуваа како со просечен фудбалер. Им посакувам се најдобро оваа сезона“, рекол Наинголан и дополнил.

„Мислам дека од почетокот игравме добро. Заслуживме повеќе од еден бод“.

Калјари се наоѓаат на делба на шестата позиција заедно со Парма и Милан. Овие екипи по 21 рунда во Серија А имаат освоено по 31 бод.

Scroll to Top