Top Sport

Мало богатство чинат билетите за мечот Лејкерс-Клиперс

Цената на билетите за натпреварот помеѓу екипите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, „скокнале“ неколку пати по смртта на коби Брајант.

Легендарниот ас на ЛА Лејкерс, настрада заедно со својата 13 годишна ќерка Џијана во хеликоптерска несреќа , во неделата.

Лејкерс првиот меч по смртта на Брајант ќе го одиграат во среда (4 часот по средно-европско време) против градските ривали Клиперс.

На порталите што се занимаваат со продажба на билети, картите за овој меч достигнуваат неверојатна цена.

Најевтините влезници, за највиското ниво во „Стејплс центар“ се продаваат по цена од речиси 1.000 долари. За споредба за последниот меч што го играа Лејкерси дома, против Портланд, седиштата на „врвот од салата“ се продавале по цена од 300 долари.

Билети за пониските нивоа чинат помеѓу 4.600 и 11.460 долари.

За овој меч и пред трагичниот настан владеел голем интерес, а емотивниот момент само ја зголемил побарувачката.

Инаку, Лејкерси се уште официјално не објавиле како ќе се простат со играчот кој две децении го носеше виолетово-златниот дрес.

Scroll to Top