Зоран Мамиќ, поранешниот фудбалер, спортски директор и тренер на Динамо Загреб денеска е презентиран на „Максимир“ како нов спортски директор на „модрите“, докажувајќи дека хрватскиот шампион уште е во рацете на моќното семејство Мамиќ.
Мамиќ се враќа во Загреб откако беше тренер во Обединетите Арапски Емирати, а со него пристигнуваат и неговите соработници Крзнар, Штефаниќ и Атијас.
Зоран Мамиќ е неправосилно осуден на 4 години и 11 месеци затвор поради „извлекување“ на пари од Динамо, во случај во кој е обвинет и неговиот брат, Здравко Мамиќ, синот Марио Мамиќ, поранешниот директор Дамир Врбановиќ, бизнисмените Сандро Стипанчиќ и Игор Крота и менаџерот Ники Артур Вуксан.
„Некои новинари веќе ме сместија во затвор, но тоа ќе ставиме на страна. Сега се важни резултатите и ќе работиме со тренерот на носење на нови засилувања“, изјави Мамиќ.