Top Sport

Ништо од Алегри – Тухел ќе остане тренер на ПСЖ

Челниците на францускиот шампион ПСЖ донеле одлука околу иднината на тренерот Томас Тухел. Германецот е тренер на ПСЖ од 2018 година кога го наследи Унаи Емери.

Тухел со ПСЖ освои две шампионски титули во Франција, меѓутоа не успеа да направи ништо значајно во Лигата на шампионите, иако оваа сезона се уште е во конкуренција за освојување на пехарот.

Изминатиот период поранешниот тренер на Јувентус го поврзуваа со ПСЖ, меѓутоа спортскиот директор на клубот, Леонардо, ги демантира овие шпекулации.

„Тухел има уште една година од дговорот со клубот, ќе биде тренер и наредната сезона. Кога ќе завеши Лигата на шампионите ќе видиме дали неговиот договор ќе биде и продолжен. Сигурно е дека ќе биде тренер на ПСЖ и наредната сезона“, рекол Леонардо.

Scroll to Top