Top Sport

Ништо од чудото на „Олимпико“ – Ливерпул води со 2:1 на полувреме (видео)

Најавата на играчите на Рома за „фуриозен“ напад на голот на Ливерпул не се исполни, откако гостите од Англија имаат 1:2 предност по првите 45 минути кои комбинирано со победата од 5:2 во првиот меч им даваат вкупни 7:3, што значи дека во второто полувреме „волчицата“ ќе треба да „гризне“ четири пати.

Колку и да би сакале тоа да се случи, тешко е да се верува дека тимот на Јирген Клоп ќе прими четири гола, така што навивачите на Ливерпул веќе почнуваат да го слават пласманот на големото финале во Киев, каде што би се судриле со Реал Мадрид.

Садио Мане по само девет минути игра ги замолче навивачите на Рома, но надежта се врати шест минути подоцна кога Милнер се постигна комичен автогол. Георгино Вајналдум во 26. минута донесе водство за „Црвените“. Овој гол беше 46. на Ливерпул во овогодишните европски натпреварувања, што претставува апсолутен рекорд.

Ќе видиме дали „лупи“ ќе касаат повеќе во второто полувреме.

Фото: ЕПА


Scroll to Top