Top Sport

Нема „копи-пејст“ за Рома, Ливерпул ќе се надигрува со Реал за европскиот трон (видео)

Ливерпул на 26 мај ќе се судри со Реал Мадрид за титулата во Лигата на шампиони на УЕФА, пресметка на два гиганти на европскиот фудбал, откако „Црвените“ не дозволија сензација на гостувањето кај Рома на „Олимпико“, губејќи со 4:2, за со домашната победа од 5:2 да одат во финалето во Киев.

Ова е прво поголемо остварување на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, и славниот тим од „Енфилд“ ќе има шанса да се бори за најголемата клупска титула на светот  која по шести пат треба да заврши во халата на славните во Ливерпул. Мечот во Киев ќе биде осмо финале од ЛШ/Купот на шампиони за „Црвените“, откако го загубија последното пред 11 години од Милан.

Од друга страна ќе биде моќниот Реал Мадрид, кој го посвети целиот фокус оваа сезона на натпреварувањето, елиминирајќи ги ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен за да имаат шанса да се борат за 13-та титула во Европа.

Пред натпреварот, тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо изјави дека би сакал како на компјутер да направи „копи-пејст“ на реваншот во четврт-финалето против Барселона, кога Рома надополни 4:1 негатива со 3:0 победа. Меѓутоа, „волчицата“ реално беше далеку од овој подвиг, посебно против Ливерпул, кој ги искористи сите свои шанси во нападот.

Садио Мане по само девет минути игра ги замолче навивачите на Рома, но надежта се врати шест минути подоцна кога Милнер се постигна комичен автогол. Георгино Вајналдум во 26. минута донесе водство за „Црвените“.

Надежите не умреа лесно во Рим, откако Един Џеко во 52. минута израмни на 2:2, по што следуваа бранови напад на италијанскиот тим, кои не вродија со плод. Раџа Наинголан во 86. минута обезбеди Рома да се збогува од ЛШ со победа, а во последните секунди од мечот Рома да зголеми на 4:2 преку пенал повторно од Наинголан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top