Top Sport

Ништо од „препородот“ на Парма, нов пораз ги носи поблиску до Серија Б

Верона ја прекина низата од два порази со 2:1 триумф над Парма, која со секој нареден меч е поблиску до враќање во Серија Б, откако имаат освоено само еден поен во последните шест мечеви под водство на новиот тренер Роберто Д’Аверса.

Парма први поведоа на „Бентегоди“ благодарение на пеналот на Јурај Куцка во осмата минута, но само три минути подоцна беше израмнето откако Алберто Граси си постигна автогол. Антонин Барак во 62. минута ги обезбеди важните три поени за Хелас.

Верона се на деветтото место во Серија А со 33 освоени поени, додека Парма се претпоследни со 13 поени, четири под безбедната зона.

Scroll to Top