Top Sport

Ништо од Рома, Начо ќе остане во Реал

Начо Фернандез (29) кој се поврзуваше со трансфер во Рома, сепак решил да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Начо е во Реал од 2001 година, а за првиот тим дебитирал кај Жозе Мурињо во 2011 година.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, му понудил на фудбалерот да го продолжи договорот за уште една година. Според новиот договор, Начо во Реал ќе остане до јуни 2022 година.

Во кариерата има одиграно 190 натпревари за Реал, минатат сезона настапил на 30 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top