Top Sport

Олимписката шампионка Мејлутите замина в пензија

Литванката Рута Мејлутите на 22 годишна возраст реши да се збогува со пливањето. Таа соопштила дека сака да го продолжи студирањето, да живее со нормален живот и да го запознае светот.

„Подготвена сум да започнам ново поглавје во мојот живот. Благодарност до сите што ме поддржуваа на овој пат“, рекла Мејлутите.

Рута Мејлутите на 15 години стана олимписка шампионка. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година таа освои златен медал во трката на 100 метри градно.

Една година подоцна, во истата дисциплина, таа во Барселона стана светска првенка.

Во кариерата, на меѓународните натпреварувања, Мејлутите има освоено 20 златни, 10 сребрени и еден бронзен медал.

Scroll to Top