Top Sport

Нитра ја стопираше младата Шкендија

Шкендија е елиминирана во квалификациите за младинската Лига на шампиони, откако во Скопје успеа да одигра само 1:1 со Нитра, со што не ја анулираа предноста од 1:0 која словачкиот тим ја имаше по првиот натпревар.

Гостите поведоа уште во седмата минута преку голот на Маријан Хобот, по што Шкендиија зирамни преку Албан Расими во 25. минута. До крајот на мечот, иницијативата на тетовци не се исплатеше и мечот заврши 1:1.

Scroll to Top