Top Sport

Ниту карантинот не ги раздели Лукаку и Лаутаро – се довикуваа преку балкон! (видео)

Напаѓачкото партнерство на Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку ги возбудуваше фановите на Интер во текот на прекинатата сезона, а пријателството не се наруши ниту во карантинот поради корона вирусот, откако двајцата се довикуваа преку своите балкони.

Аргентинецот и Белгиецот живеат блиску еден до друг во Милано, и очигледно, го заддржале добриот дух и во овие тешки услови. Лукаку објави видео на Инстаграм во кое вика по „Лаути“, пред неговиот соиграч да му мафта од својот балкон.

Двајцата постигнаа заедно 40 гола за „нераѕурите“ оваа сезона, оставајќи ги Интер во борба за титулата од Серија А пред принудната пауза поради корона вирусот.

Scroll to Top