Top Sport

Англиските клубови ќе се „здружат“ против фудбалерите!

Клубовите од Премиер лигата и англискиот Чемпионшип се блиску до историско „примирје“ со кое би се спречило купувањето на фудбалери меѓу себе без договор доколку фудбалерите продолжат да одбиваат да ги скратат своите плати, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Преговорите околу намалувањата на платите на играчите „заглавија“ во повеќе клубови, кои сметаат дека се потребни посебни мерки доколку нивните лути фудбалери се заканат со заминување во други клубови.

Во Англија се надеваат дека во средината на мај клубовите ќе ги стартуваат тренинзите, за продолжување на сезоната на почетокот на јуни, и една од мерките која ќе ја преземат клубовите е да се ограничи штетата од заканите на фудбалерите да заминат во друг клуб за повисока плата.

„На крајот ќе дојдеме до ситуација каде што клубовите ги прекршуваат договорите и фудбалерите ќе можат да заминат каде што сакаат ако не ја добијат договорената плата. За да се сопре тоа, клубовите ќе мораат да потпишат пакт за да не ја искористат кризата да земат фудбалери од другите клубови“, вели еден анонимен претседател на клуб од Чемпионшип за „Дејли мејл“.

Клубовите сметаат дека фудбалерите мора да се свесни за ситуацијата во која се наоѓа светскиот фудбал и дека е невозоможно да се помине без кратење на високите плати без тоа да значи пропаст за клубовите.

Scroll to Top