Капитенот Пјер-Емерик Обамејанг постигна фантастичен гол со „ножички“ во 113. минута од продолжението, но ниту тоа не беше доволно да се спаси Арсенал од шокантно испаѓање во 1/16 финалето од Лига Европа од Олимпијакос, кои стигнаа до славна 2:1 победа на „Емирати.
Арсенал, кој имаше фантастична низа на резултати во Премиер лигата во 2020 година, го пречека грчкиот клуб со предност од 1:0 од гостувањето, но Папу Абу Сисе во 53. минута донесе неочекувано водство за гостинскиот клуб, кој го оддржа во регуларните 90 минути.
Сепак, се мислеше дека „топчиите“ го имаат дуелот решен во 113. минута кога Обамејанг на асистенција на Мартинели постигна фантастичен гол. Во 118. минута, по еден корнер на Олимпијакос, мароканскиот ветеран Јусеф Ел Араби доби одлична топка и го совлада Бернд Лено за славен триумф.