Top Sport

Ниту повик од саудискиот премиер не го убедил Гатузо

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо одбил повеќе понуди од саудиските клубови за преселба во нивната Про лига, а не бил убеден ниту од телефонскиот повик на премиерот на Кралството, Мохамед бин Салман, тврди „Калчомеркато“.

По неславното заминување од Валенсија, популарниот Рино нема ангажман, и се најде на долгата листа на играчи и тренери кои се на мета на саудиските клубови ова лето. Во Италија, Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо одбија вакви понуди, а според „Качломеркато“ и Гатузо одбил повеќе богати понуди.

Scroll to Top