Top Sport

Ниту Ван Дајк не го сопира Халанд – Норвешка со водство против „лалињата“

Норвешката гол-машина, Ерлинг Халанд продолжи со фантастичниот старт на новата сезона, откако на „Улевал“ во Осло им донесе на домаќините 1:0 водство против Холандија во квалификациски меч за Светското првенство.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, доби убава топка во шестнаесетникот на „лалињата“, и успеа да го остави зад себе дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк. Ова е осми гол во националниот дрес на Халанд во само 13 настапи за Норвешка.

Scroll to Top