Шампионите од Премиер лигата Ливерпул се пред распродажба на сите дресови откако оваа сезона продадоа 1.7 милиони парчиња, но нивниот партнер „Њу баланс“ одбива да изработи нови пред крајот на нивниот договор на 1 август.
Овогодишниот дрес на Ливерпул е најпродаван во историјата на клубот, најмногу поради тоа што клубот по 30 години пауза стигна до домашната лигашка титула, но американската компанија одбива да изработи нови, чекајќи го прекинот на договорот.
Ливерпул претходно се тужеа со „Њу баланс“ и успеаја да добијат предвремен раскин на договорот за склопат нов петгодишен богат договор со „Најк“, кој требаше да почне на 1 јуни, но поради корона вирусот е одложен за 1 август. Овој договор вреди 30 милиони фунти годишно, за 15 милиони фунти помалку од договорот со „Њу баланс“, но Ливерпул сметаат на поголема достапност поради огромниот број на продавници кои „Најк“ ги има низ целиот свет.