Првиот клуб на Лионел Меси, аргентинскиот Њуел олд бојс објавија интересно видео од тоа што многумина сметаат дека е првото интервју по меч на легендарниот фудбалер.
На видеото се забележува дека малиот Меси е срамежлив кога го прашуваат за наградата за најдобар играч на мечот. Меси се „запиша“ во клубот од Росарио на шест години и имаше 234 гола во 176 меча за младинските тимови на клубот, пред Барселона да го донесат во Европа во 2000, кога имаше само 13 години.
Меси во видеото, прво не сака да дојде до новинарот, а потоа на прашањето дали знае дека е прогласен за играч на натпреварот, тој вели дека не знае, по што го објаснува постигнувањето на головите.
„Топката доаѓа од Федерико Росо, Григини ја дава до Лукас. Лукас ми ја даде мене и јас дадов гол. Голот е посветен на мојот татко, мојот чичко, целото мое семејство и тие кои ме познаваат“, вели малиот Меси.
?️? ??? ????? ????? ?? ? ????? ????
A young Lionel Messi speaks after a goalscoring performance for Newell's Old Boys. This may be his first ever post-match interview. #Newells pic.twitter.com/wWI3o6kUZL
— Newell's Old Boys – English (@Newells_en) November 5, 2021