Top Sport

Њукалс подготвува понуда за Бејл

Премиерлигата оваа недела треба да ја одобри продажбата на Њукасл. Нов сопственик на клубот ќе стане инвестицски фонд од Саудска Арабија позади кој стои принцот Мохамед бин Салман.

Новиот сосптвеник на Њукасл има големи планови во летниот преоден рок. Се шпекулира дека на засилувања клубот ќе потроши околу 300 милиони фунти.

„Марка“ пишува дека кога Премиерлигата ќе ја аминува купопродажбата новиот газда ќе се обиде да го донесе Герет Бејл.

Реал никако не успева да се ослободи од Велшанецот и неговите високи примања. Спасот го гледаат во Њукасл, бидејќи во овој клуб би можел да добие речиси иста плата каква што има во Мадрид тврди „Марка“.

Не е познато само колкаво обесштетување ќе побараат од Реал, но овој извор пишува дека тоа нема да биде големо.

Scroll to Top