Њукасл покажува сериозен интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди. Англиските медиуми тврдат дека клубот од Сент Џејмс парк ќе се обиде да го реализира трансферот во јануарскиот преоден рок.
Клубот на барди, Леванте има проблеми со финансискиот фер-плеј, кои ќе мора да ги испегла до 30.јуни. Наводно се работи за сума од 16,5 милиони евра, која клубот може да ја реши со продажба на еден играч.
Барди, има откупна клаузула од 25 милиони евра. Покрај него највредни фудбалери на клубот од Валенсија се Хозе Кампања, за кого интерес во летниот преоден рок покажуваше Атлетико Мадрид и Аитор Фернандез.
Барди, поради повреда на грбот, не игра повеќе од еден месец. Неговото враќање во тимот го очекуваат на почетокот на наредниот месец.
Енис Барди е играч на Леванте од 2017 година, претходно од 2014 година беше член на Ујпешт. Досега за Леванте одиграл 100 натпревари и постигнал 19 гола.