Top Sport

Њукасл ги „здроби“ Лестер на гости!

Њукасл успеа да стигне до фасцинантна 2:4 победа на гости кај Лестер, продолжувајќи ја неочекувано добрата форма во финишот на Премиер лигата, и во исто време не дозволувајќи „лисиците“ да осигураат место во Лигата на шампионите.

Џо Вилок во 22. минута го донесе тимот на Стив Брус во водство, за Пол Дамет во 35. минута да го зголеми водството на 0:2. Калам Вилсон во 65. минута го потврди триумфот на Њукасл, за во 74. минута да зголеми на 0:4. Олбрајтон во 80. минута и Ихеаначо седум минути подоцна ја одбрани честа на домаќините.

Лестер со само три меча до крајот на нивната сезона, остануваат трети со 63 поени, само два зад Челси на четвртото место и пет пред петтопласираниот Вест хем. Њукасл, по стравувањата дека тимот ќе испадне од лига, сега се на 13. место со 39 поени.

Scroll to Top