Њукасл јунајтед, во последно време еден од најбогатите клубови на светот, го поставија поранешниот тренер на Бурнемаут, Еди Хоув како замена за Стив Брус на менаџерската позиција.
Хоув, кој има договор до 2024 година, паузираше од тренерската работа откако си даде отказ од Бурнемаут по испаѓањето од Премиерлигата во август 2020, и го очекува уште потешка задача во Њукасл, кои се на 19. место на табелата, пет поени од безбедната зона по 11 меча. Тој беше на трибините на мечот Брајтон-Њукасл во саботата, меч кој заврши 1:1.
„Ова е прекрасна шанса за мене, но свесни сме дека пред нас има многу работа. Едвај чекам да почнам да работам со фудбалерите и сакам да се заблагодарам на сопствениците на тимот за оваа можност, но и на навивачите за приемот кој го добив“, вели Хоув.
Прв избор на Њукасл беше поранешниот тренер на Арсенал, а сега прв човек на Вилјареал, Унаи Емери, но Шпанецот ги одби. Хоув ќе дебитира против Брентфорд на „Сент Џејмс парк“ на 20 ноември.
? ????-?? ??? ???? ?
We are delighted to confirm the appointment of Eddie Howe as the club’s new head coach.
Welcome to Newcastle United, Eddie! ⚫️⚪️
— Newcastle United FC (@NUFC) November 8, 2021