Top Sport

Њукасл и Манчестер јунајтед со важни победи во трката за топ 4

Њукасл и Манчестер јунајтед освоија нови три поени во трката за топ 4 пласман во два заостанати мечеви во Премиерлигата. „Ѓаволите“ ја прекинаа серијата од три меча без постигнат гол во лигата со 1:0 победа над Брентфорд, тимот кој на почетокот на сезоната ги понижи со 4:0, додека Њукасл на Еди Хау покажаа колку сериозен тим се оваа година со 1:5 триумф на гости кај Вест хем.

Добрата игра во првото полувреме, Јунајтед ја крунисаа со гол на Маркус Рашфорд, негов 15. во лигата, во 22. минута по асистенција на Марсел Забицер. Во второто полувреме, тимот на Ерик Тен Хаг се мачеше со релизацијата, но гостите не успеаја да стигнат барем до израмнување.

Во Лондон пак, Њукасл имаа атомски старт – Калам Вилсон постигна гол по само шест минути игра, за во 13. минута, Жоелинтон да зголеми на 0:2. Вест хем вратија во 40. минута преку Курт Зума, за Вилсон, само што почна второто полувреме да осигура победа на гостите. Александер Исак во 82. минута даде уште еден гол за импресивните гости, за Жоелинтон со вториот гол во 95. минута да го претвори поразот на „чеканите“ во вистинска катастрофа.

ПРЕМИЕРЛИГА, ЗАОСТАНАТИ МЕЧЕВИ
Манчестер јунајтед – Брентфорд 1:0
Вест хем – Њукасл 1:5

Scroll to Top