Top Sport

Њукасл ќе му дадат шанса на Џердан Шаќири

Њукасл го „пикирале“ Џердан Шаќири како можно засилување на тимот ова лето, користејќи го тоа што швајцарскиот репрезентативец ретко беше на теренот за Ливерпул оваа сезона.

Шаќири пристигна на „Енфилд“ пред две години, и во првата сезона добиваше шанси во првиот тим, освојувајќи ја титулата од Лигата на шампионите, но во 2019/20, поради слаба физичка подготвеност, тој имаше само 10 настапи за тимот, од кои последниот беше како замена во 89. минута против Тотенхем на 11 јануари.

Рома и Севилја беа два клуба кои покажаа интерес за Шаќири во јануарскиот преоден рок, но Ливерпул не го пуштија 28-годишниот фудбалер на позајмица. Шаќири, кој ги чинеше Ливерпул 13.5 милиони фунти има уште три години од договорот со „црвените“.

Scroll to Top