Top Sport

Њукасл ќе плати 75.000.000 евра за Исак

Њукасл јунајтед во финишот на преодниот рок рок подготви апсолутна „бомба“ на трансфер пазарот. „Страчките“ ќе го урнат клупскиот рекорд откако се согласиле на Реал Сосиедад да му платата 75.000.000 евра за напаѓачот, Александер Исак.

Информацијата за трансферот на Исак ја објави Диарио Васко од Сан Себастијан. Овој извор додава дека 70.000.000 евра веднаш ќе се слеат во касата на Сосиедад, уште 5.000.000 би требало да дојдат преку одредени бонуси, додека Баскијците исто така ќе добијат 10 отсто од следната продажба.

Иманол Алгуасил ќе остане без еден од најдобрите играчи во својот тим, но ваквата понуда клубот едноставно можеше да одбие, особено ако се земе предвид дека Сосиедад пред три години на Дортмунд му плати 15.000.000 евра на Исак.

„Милионерите“ не веруваа премногу во него, иако и добро заработија откако го доведоа од шведски АИК за 8.600.000 евра.

Шведскиот репрезентативец со одличните настапи во Примера го привлече вниманието на многу попознати клубови од Њукасл. Минатата сезона во еден период се поврзуваше и со Реал Мадрид.

Scroll to Top