Top Sport

Њукасл не дозволи срам против четвртолигашот Транмир

Богатиот Њукасл јунајтед не дозволи да доживее срамотен пораз од четвртолигашот Транмир, за во второто коло на Англискиот лига куп да стигне до 2:1 победа на гости.

Без проблеми беа и другите два премиерлигаши во акција – Брајтон со 2:0 го совлада Форест грин, додека Лидс на домашен терен со 3:1 славеше над второлигашот Барнсли.

Елиот Невит во 24. минута го шокираше Њукасл за водство на Транмир, но Џамал Ласел во 40. минута израмни, пред Крис Вуд во 52. минута да ги постави работите на свое место.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 2.КОЛО
Форест грин – Брајтон 0:3
Лидс – Барнсли 3:1
Транмир – Њукасл 1:2
Вајкомб – Бристол сити 1:3

Scroll to Top