Њукасл јунајтед, со новите газди, се во центарот на вниманието на фудбалската јавност. Секојдневно некој играч се поврзува со овој клуб. Вчера, медиумите во Англија тврдеа дека Усман Дембеле во јануари ќе го засили овој тим и дека второ засилување ќе биде Доминик Калверт-Лувин.
Нов ден и ново име кое се поврзува со трансфер на „Сент Џејмс парк“. Луис Дијаз, фудбалерот на Порто, во јануари ќе го облече црно-белиот дрес.
Извори од Англија тврдат дека новите сопственици веќе оствариле контакт со фудбалерот. Порто нема да се противат да останат без Колумбиецот, од причина што Њукасл имаат намера да ја платат откупната клаузула од 80 милиони евра.
Доколку Дијаз ги договорил личните услови, од јануари ќе игра во Премиер лигата.
Од почетокот на сезоната, Дијаз за Порто и Колумбија одиграл 20 натпревари, постигнал 11 голови.