Њукасл јунајтед се подготвени да дадат фантастични 100 милиони евра за напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ тврди италијанската „РАИ Спорт“, но српскиот фудбалер сака да оди во клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, а не во клуб кому му се заканува испаѓање од Премиерлигата.
Влаховиќ го одби продолжувањето на договорот со клубот од Фиренца, и е под договор до 2023 година, така што е многу веројатно да се случи продажба веќе во јануари. Иако се веруваше дека Јувентус се главни фаворити, „бјанконерите“ во моментов не се во ситуација да прават скапи трансфери поради истрагата за претходните трансфери, а Фиорентина никогаш не се во добри односи со клубот од Торино.
Тешко е да се верува дека Њукасл ќе го убедат Влаховиќ на трансфер, откако тој веќе наводно го одбил Арсенал поради тоа што нема да играат во Лигата на шампионите. Покрај овие премиерлигаши за него се заинтересирани и Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем.
?#Fiorentina – #Grassia: "Offerta da 100 milioni dal #Newcastle per #Vlahovic" https://t.co/Lz7XPWyd0u
— calciomercato.it (@calciomercatoit) December 16, 2021