Top Sport

Њукасл понудиле сериозна сума на пари за Тер Штеген

Најбогатиот клуб во светот, Њукасл јунајтед, се подготвува за шопинг во зимскиот преоден рок. „Страчките“, мора да се засилат доколку сакаат да изборат опстанок во Премиер лигата.

Газдите на Њукалс, во јануарскиот преоден рок, имаат намера да до засилат тимот на секоја позиција. Првата понуда која официјално ја испратиле е за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.

„Скај спорт“, објави дека Њукасл на Барселона, за германскиот репрезентативен голман и понудиле 55.000.000 евра.

Од оваа перспектива трансферот делува нереално, но со оглед на финансиската криза во која се наоѓа Барселона се е можно.

Тер Штеген неодамна го продолжи договорот со Барселона до јуни 2025 година. Германецот на „Ноу Камп“ пристигна во 2014 година. Во кариерата има одиграно 291 натпревар за „Блауграна“.

Scroll to Top