Top Sport

Трансферот на Чави под истрага на Ла Лига

Барселона, во 2 часот по полноќ, официјално потврди дека Чави е новиот тренер. Легендата на клубот официјалната промоција ќе ја има во понеделник.

Чави, изминатите две години го предводеше Ал Сад. За ангажманот на чави, Барса ќе плати обесштетување од 1.000.000 евра. Чави ќе потпише две и пол годишен договор со клубот.

Барселона по објавата дека Чави се враќа на „Ноу Камп“, доживеа „студен туш“ од Ла Лига. Претседателот Хавиер Тебас, најави дека Ла Лига темелно ќе го истражи трансферот на Чави.

Ла Лига ќе истражи дали трансферот е регуларен, односно дали Барселона го почитувала финансискиот фер-плеј.

Тебас порачал дека Ла Лига детално ќе ги провери сите детали и доколку бидат пронајдени неправилности, клубот ќе биде казнет.

Барселона има големи проблеми со финансискиот фер-плеј. Поради големиот долг и расходите за плати, Барселона не можеше да го задржи Лионел Меси, а за да го растовари буџетот му дозволи на Антоан Гризман да се врати во Атлетико.

Scroll to Top