Top Sport

Њукасл се пофалија со своето најскапо засилување, Александер Исак

Њукасл јунајтед го презентираа своето ново засилување, Александер Исак од Реал Сосиедад, кој пристигнува на „Сент Џејмс парк“ за рекордни за клубот 59 милиони фунти.

22-годишниот шведски репрезентативец добива долгорочен договор со Њукасл и треба да претставува центар на новиот проект на богатите саудискигазди на клубот, откако имаше 44 гола во 132 настапи во Сосиедад во три сезони. Тој го добива дресот број 14 во Њукасл, кој претходно го носеа фудбалери како Давид Жинола, Темур Кецбаја и Шарл Н’Зогбија.

„Пресреќен сум што трансферот се случи. Ова беше многу голема одлука за мене, но целосно сум среќен со својот избор. Знам дека Њукасл се голем клуб со фантастична историја и неверојатни навивачи. Новиот проект на клубот ме привлече, бидејќи Њукасл играат атрактивен фудбал“, изјави Исак.

Иако има само 22 години, Исак веќе има 37 настапи за шведската репрезентција, и постигнато 9 гола.

Scroll to Top