Њукасл јунајтед до крајот на преодниот рок ќе направи обид да се засили со играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Крилниот напаѓач, влезе во последната година од договорот со Реал, има желба да го напушти клубот бидејќи минатата сезона, натпреварите, најчесто ги започнуваше како резерва.
„АС“, пишува дека кралскиот клуб, за Асенсио ќе прифати сума од околу 30 милиони евра. Оваа сума не претставува проблем за Њукасл јунајтед.
„Страчките“ во досегашниот тек од преодниот рок се засилија со Свен Ботман, Мет Таргет и голманот Ник Поуп.
Досега за три трансфери клубот потроши 66 милиони евра, помалку од претходниот преоден рок кога за трансферите на Бруно Гимараеш, Киеран Трипие и Крис Вуд Њукасл потроши 100 милиони евра.