Top Sport

Њукасл тргнуваат по Тони Крос

Њукасл, помогнати од парите на новите газди, ќе се обидат да го донесат германскиот ас на Реал Мадрид, Тони Крос, како прв чекор во градењето на новиот тим способен да освојува титули, тврди шпанскиот весник „Ел насионал“.

Њукасл се подготвени дададат околу 30 милиони евра за 31-годишниот Германец, кој оваа сезона има само четири меча како стартер за Реал Мадрид по проблемите со повредите.

Според шпанскиот весник, Њукасл се заинтересирани за уште еден играч на Мадрид, Велшанецот Герет Бејл, но него би го добиле бесплатно на крајот на сезоната, бидејќи неговиот договор со „кралевите“ е во последната година.

Scroll to Top