Top Sport

Соиграчите го убедувале Ван де Бек да го смени агентот за да избега од Јунајтед

Соиграчите на Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед, му советувале на Дони ван де Бек да го смени својот агент во обид да избега од „Олд Трафорд“, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Холанѓанецот, кој пристигна во Јунајтед од Ајакс во трансфер од 35 милиони евра, останува неискористен играч од Оле Гунар Солскјер и минатиот викенд го отпуштил долгогодишниот агент Гвидо Алберс, откако тој не успеал да ги убеди Јунајтед да го продадат или пратат на позајмица во текот на летото.

24-годишниот Ван де Бек сега работи со Али Дурсун, кој исто така го претставува неговиот соиграч Виктор Линделоф, како и неговиот соиграч од холандската репрезентација, Френки де Јонг од Барселона.

Од пристигнувањето во Јунајтед во 2020 година, Ван де Бек има само четири старта во Премиерлигата, а за него се заинтересирани Евертон и Вулверхемптон.

Scroll to Top