Top Sport

Њукасл во понудата за Екитике уфрлиле клаузула за освојување на ЛШ!

Францускиот Ремс ја отфрлиле понудата на Њукасл јунајтед од 35 милиони евра за напаѓачот Уго Ектике, открива претседателот на клубот, додавајќи дека во понудата имало „невозможен“ бонус за освојување на Лигата на шампионите.

Претседателот на Ремс, Жан-Пјер Кајо ја објаснува ситуацијата со 19-годишниот Ектике, кој дебитираше за првиот тим во август и веќе има 8 гола и 3 асистенции оваа сезона.

„Вистина е дека сега многумина го забележаа талентот на нашиот фудбалер, но ие го познаваме многу добро. Њукасл се јавија, разговаравме, но дадоа понуда која не ни одговара. Имаме висока цена. Тие ни понудија 35 милиони евра со повеќе бонуси, кои беа невозможно да се достигнат. Како освојување на Лигата на шампионите. Ние сакаме 30 милиони евра и 10 милиони евра лесни бонуси“, открива Кајо.

Њукасл се 19. во Премиерлигата на два поени од безбедната зона. Последен пат играа во Лигата на шампионите во 2002, а последен европски настап им беше Лига Европа во 2013, кога стигнаа до четврт-финалето.

Scroll to Top