Top Sport

Тинејџерската ѕвезда на Палмеирас со неверојатен гол со ножички

15-годишниот Ендрик е последната бразилска ѕвезда која предизвикува интерес кај повеќе европски клубови, посебно откако тинејџерот постигна фантастичен гол со ножички за У-20 тимот на Палмеирас во дуелот со Оесте во Копиња, натпреварувањето за млади фудбалери во Бразил.

Палмеирас на крајот стигна до 5:2 победа, но посебен интерес на социјалните мрежи предизвика сензационалниот гол со ножички на Ендрик.

Палмеирас се еден од најбогатите бразилски клубови, но тешко дека ќе можат да оддолеат на некоја понуда од поголемите европски клубови за фудбалерот кој има постигнато 165 гола во 169 меча за нив досега. Покрај тоа, тој го има истиот агент како Винисиус Жуниор…

Scroll to Top