Top Sport

Нкетија не игра за Гана поради „црна магија“, велат од федерацијата

Членот на извршниот одбор на Фудбалската федерација на Гана (ГФА), Џорџ Акамоа вели дека една од главните причини што не можат да привлечат фудбалери како напаѓачот на Арсенал, Еди Нкетија поради користењето на црна магија, таканаречено „џуџу“.

Новиот селектор на Гана, ЦК Аконор се обидува да ги привлече фудбалерите со потекло од африканската земја да играат за репрезентацијата, како Нкетија и дефанзивецот на Брајтон Тарик Лампти, откако тимот нема освоено титула од 1982 година.

„Има многу лоши претпоставки околу начинот на кој фудбалерите од Гана играат. Деструктивните тенденции како повредување да ти се скрати кариерата. Потоа, шпекулациите дека се користи џуџу во фудбалот. Тие фудбалери во дијаспората, кои пораснале тука и играат во Европа, не сакаат да играат за Гана поради џуџу. Тоа е голем проблем и се обидуваме да го решиме“, вели Акамоа.

Ова не е првпат да се поврзува „црната магија“ со фудбалот во Гана – во 1992 година, тогашниот селектор Горан Стевановиќ ја обвини магијата за слабиот настап на Африканскиот куп на нации во 2012 година.

Scroll to Top