Top Sport

Нкунку е играч на Челси

Челси и Лајпиг постигнале договор околу трансферот на Кристијан Нкунку, објави „Скај спорт“.

Клубовите треба да се договорат дали Нкунку во зимскиот преоден рок ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“, или ќе остане во Лајпциг до крајот на сезоната.

Челси за трансферот на Нкунку ќе издвои 53 милиони евра.

„Скај спорт“, пред неколку дена објави дека Нкунку се договорил со Челси и дека на тајна локација ги поминал медицинските прегледи.

Нкунку дојде во Лајпциг во јули 2019 година од ПСЖ.

Scroll to Top