Top Sport

Нкунку оди на операција, ќе отсуствува четири месеци

Кристофер Нкунку, фудбалерот на Челзи, поради повредата на коленото ќе ги пропушти првите четири месеци од новата сезона. Клубот објави дека Нкунку ќе мора да го оперира повреденото колено.

Челси, во јануари го реализираше трансферот на Нкунку, а тој пристигна во Лондон по завршувањето на сезона. Лајпциг од трансферот заработи 60 милиони евра.

Нкунку се повреди во дуелот со ветеранот Матс Хумелс на пријателскиот натпревар против Борусија Дортмунд.

„Не можам никого да обвинам. Кристофер едноставно немаше среќа“, изјави менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино.

Повредата на Нкунку само ги зголеми проблемите со кои се соочува Челси во нападот. За дуелот со Ливерпул, во првото коло, од класичните напаѓачи Покетино на располагање ќе го има само Николас Џексон.

Од почетокот на преодниот рок Челси бара класична „деветка“. Лукаку се уште е член на тимот, но јасно е дека Покетино не смета на него.

Scroll to Top